Динамичниот процес преку кој
едноклеточниот човечки зигот
се претвора во човек со
100 трилиони клетки е можеби
највпечатливиот природен феномен.
Истражувачите сега знаат дека
многу од рутинските функции
кои ги извршува телото
на возрасен човек
се воспоставуваат во
текот на бременоста -
честопати долго пред раѓањето.
Развојниот период пред раѓањето
сè повеќе се толкува
како време за подготовка
во кое човекот, кој се развива,
се здобива со многу структури
и извежбува многу вештини, потребни
за опстанок по раѓањето.
Chapter 2 Terminology
Бременоста кај луѓето
обично трае околу 38 седмици
сметајќи од моментот
на оплодување,
или зачнување, до раѓање.
Во текот на првите
8 седмици по оплодување
човекот во развој
се нарекува ембрион,
што значи "растење одвнатре".
Ова време, наречено
ембрионален период,
е карактеристично по тоа
што во него се формираат
повеќето главни телесни системи.
Од завршувањето на 8 седмици
па сè до крајот на бременоста
"човекот во развој
се нарекува фетус",
што значи "нероден потомок".
За ова време,
наречено период на плод,
телото расте и неговите системи
почнуваат да функционираат.
Сите фази на ембрионот и
плодот во оваа програма
се одредуваат според изминатото
време од оплодувањето.