Помеѓу 4 и 5 седмици,
мозокот го продолжува
својот забрзан развој
и се дели на 5 засебни делови.
Главата зафаќа околу 1/3 од
целосната големина на ембрионот.
Се појавуваат мозочни хемисфери,
кои постепено стануваат
најголеми делови од мозокот.
Во функциите што ќе се
контролираат од мозочните хемисфери
се вбројуваат мислење, учење,
помнење, говор, вид,
слух, волеви движења
и решавање проблеми.